„Буцкото“ си најде нова работа, но сега не е голман!

4129

Голманот на Сатон Јунајтед, Вејн Шо, кој пред неколку недели доби отказ од неговата екипа, сега си најде нов „бизнис“ односно работа од која ќе живее.

Тој беше уловен од камерите како јаде пита на сред натпревар против Арсенал, а подоцна се покажа дека баш поради тој „срам“, екипата му врачи отказ и тој мораше да го напушти Сатон Јунајтед.

Меѓутоа, Вејн Шо брзо се снајде, тој сега не игра фудбал, но затоа е продавач во некоја локална пекара, и така заработува за живот.

Многубројните навивачи по пат на Твитер ја споделија неговата фотографија на која тој сега е во една нова улога, со готвачка престилка на себе, за разлика од голманскиот дрес кој го носеше пред 3-4 недели. Но сопственикот на пеката во која работи овој човек, сигурно ќе профитира на популарност.