Буфон на работ да го носи каталонскиот дрес?!

3294

Фудбалерите на Јувентус во рамките на четвртфиналето од ЛШ играат против Барселона која ги порази во финалето на истото натпреварување во 2015. година.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Барселона е веќе една од главните теми во Италија, а агентот на искусниот голман на „Старата дама“, Џиџи Буфон, изјави денес за италијанските медуми дека Буфон бил на чекор од заминување на „Камп Ноу“. Силвано Мартина истакна дека во 2001. година Буфон требало да замине во Барса, но на крајот завршил во Јувентус.

„Да беше скоро се завршено. Парма веќе постигна договор со Барселона, но тогаш се вклучи Јувентус. Буфон бираше и на крајот го одбра Јувентус. Се уште не размислува за пензија, а кариерата ќе ја заврши во оној момент кога ќе сфати дека е време да замине“, истакна Мартина.

За потсетување, Буфон од Парма во 2001. година премина во Јувентус за тогаш рекордни 32 милиони евра. Не треба ниту да се зборува за тоа какви резултати оствари со овој клуб, но сигурно стана икона на „Старата дама“.