Бурно е во Романија: Виторул ја прослави титулата, ФЦСБ не признава и ќе тужи

1177

Фудбалското првенство во Романија заврши претходниот викенд, Виторул Констанца ја прослави титулата, но кој ќе биде шампион ќе одлучи Арбитражниот суд за спорт во Лозана.

Спорот го предизвика ФЦСБ, клубот кој порано го носеше името Стеауа, и неговиот сопственик Џиџи Бекали. Тој смета дека титулата му припаѓа на неговиот клуб и затоа испрати тужба во Лозана.

“Подобри сме во меѓусебниот скор од Виторул кога ќе се земе предвид цела сезона, а имаме и подобра гол-разлика. Овие правила на Фудбалскиот сојуз не ги признаваме”, порача Бекали.

Конфузијата ја направи Фудбалскиот сојуз на Романија кој објави дека во случај две екипи да имаат идентичен број бодови, одлучува само меѓусебниот биланс во плеј офот, а тука е подобар Виторул. Натпреварите од основниот дел на првенството не се земени предвид.