Будуќност го елиминира Крим Меркатов – во финалето од ВРХЛ против ЖРК Вардар

784

Во регионалната ВРХЛ лига, ќе има ново балканско дерби, екипата на Будуќност успеа да обезбеди финале и да си закажа средба против ЖРК Вардар.

Црногорките во полуфиналето беа подобри од Крим Меркатор со резултат 31:23.
Дуелот на поранешните европски прваци мина во знакот на Будуќност, помладиот шампион кој беше фаворит и пред средбата.

Се очекуваше триумф на Црногорките, па иако од самиот почеток не запнуваа се виде разликата во квалитет. Тоа се одрази на резултатот кој уште по првото полувреме беше во корист на Будуќност. Тие имаа сигурно водство од почетокот, кое на полувреме беше изразено со пет голови, 17-12. Доминацијата на црногорската екипа продолжи и во вториот дел, па очигледно беше дека газат кон финале.

Од друга страна, девојките од ЖРК Вардар до финалето стигнаа елиминирајки ја екипата на Подравка со 29:16.

 

ФОТО: ZRKVardar.