Бугарите се извинија за провокацијата на нивниот кошаркар

1038
Бугарската кошаркарска федерација се извини за непромислениот потег на својот репрезентативец Павел Маринов кој нашата земја ја нарече Југозападна Бугарија. Кошаркарот потоа на својот фејсбук профил исто така изрази жалење и упати извинување до сите засегнити од неговито пост.
Македонската кошаркарска селекција вечерва со почеток од 20 часот и 30 минути во Спортскиот центар Борис Трајковски ќе ја има третата контрола во подготовките за претквалификациите за СП, а токму Бугарија е нашиот противник.
Кошаркарите од 20 до 22 месецов ќе бидат домаќини на Трофеј Макеоднија, каде им претстојат контроли со Босна и Херцеговина, Португалија и Холандија .
Предквалификацискиот циклус за Светскиот шампионат во Кина во 2019-тата стартува на 2 август со гостување во Косово, по што на 12-сети ја пречекуваме Естонија.