Брутална исповед: Татко ми ме тепаше до бесвест и ме нарекуваше курва

2649

Јелена Докиќ која има 34 години беше една од најголемите надежи на светскиот тенис, своевремено и на 4. место на ВTA листата. Но поради бројните проблеми со нејзиниот татко, пречесто беше во очи на новинарите.

Денес таа е во четвртата година од пензијата и гради сосема мирен и здрав живот после бројните животни проблеми. Моментално работи на својата автобиографија која ќе излезе на 13. декември, но во јавноста веќе се видени неколку брутални изјави од нејзиниот драматичен живот.

„Татко ми ме тепаше безмалку до несвест кога лоши ќе го одработев тренингот. Ме нарекуваше курва и често знаеше да ме удари без причини. Тоа е лошо сеќавање кое секогаш ќе ме следи. Паѓав во несвест, ме тепаше страшно“, изјави Австралијанката родена во хрватск Осијек.