Бројки од кои боли глава: Италија ќе загуби една милијарда евра поради тоа што нема да игра на Мундијалот

927

Државата Италија ќе претрпи огромни загуби поради неуспехот на репрезентацијата да се пласира на Светското првенство во Русија.

Тука не станува збор само за директни загуби на националниот тим и Федерацијата, туку и за она што ќе го ипсушти бизнисот во земјата.

“Загубите на Италија ќе изнесуваат околу една милијарда евра. Тука не влегуваат само реклами, телевизиски права и мерчндајзинг поврзани со Мундијалот. Економијата на земјата ќе биде сериозно разнишана при што можеби најмногу ќе настрадаат компаниите за спортска опрема и тур операторите кои веќе почнаа да ги подготвуваат аранжманите. Покрај нив, најзасегнати ќе бидат рестораните, баровите, букмејкерите итн”, изјави поранешниот претседателот на Фудбалската асоцијација на Италија, Франко Караро.

Сепак, Италија не е ни прва, ни последна фудбалска велесила која ќе пропушти едно големо натпреварување. Холандија не играше ниту на Европското првенство минатата година, а порано истото им се случувало и на Англија и Франција.