Брз трансфер на „Догуш“ – Од Дарушафака до европскиот шампион Фенербахче

1106

Годинешниов шампион во Евролигата, тимот на Фенербахче во кој настапува и македонскиот интернационалец Перо Антиќ, од денеска има нови сопственици.

Фенербахче по неколкунеделни преговори, успеа да постигне договор со компанијата „Догуш“ која до пред извесен период, беше генерален спонзор на кошаркарската сензација Дарушафака, која „секна“ откако Догуш ги повлече своите трансакции.

На споменатата компанија „Догуш“ веројатно поисплатливо им е средствата да ги инвестираат во поголемите екипи, поточно во европскиот шампион, на кого се обврзаа да му плаќаат по 15 милиони евра по сезона, средства кои сигурно ќе бидат вложени во нови инвестиции и ангажман на нови кошаркари.