Браун: Формула1 има возач во моментов кој ме потсеќа на Михаел Шумахер

1009

Поранешниот шеф на Ферари, а сегашен спортски директор на Ф1, Рос Браун, има само пофални зборови за надежниот Макс Верстапен, кој победи на последната трка во Ф1 шампионатот.

Макс Верстапен дава надеж дека освен Ферари и Мерцедес, има и други екипи и возачи кои можат да бидат дел од големиот Ф1 караван, и токму тоа се докажа во Мексико, каде Верстапен победи.

Но острото око и инстинктот на искусниот Рос Браун тврди дека во денешната Формула, има идентичен возач кој го потсеќа на Михаел Шумахер.

Тоа беше фантастичен настап на Верстапен, кој ме потсети на Михаел Шумахер и некои негови трки. Значајно постигнување, а има само 20 години, но како возач, созрева неверојатно брзо“.

Верстапен навистина е талентиран возач, и се повеќе спортски аналитичари во овој спорт, во иднина го гледаат во некоја од поголемите екипи во авто-мото спортот.