Браун не сака ни да разговара за споредби Хамилтон – Шумахер

726

Низ историјата на Ф1, Михаел Шумахер освои две титули во Бенетон, 1994 и 1995 година, за подоцна во Ферари да одбележи уште една голема ера на доминација, каде ќе освои уште пет титули по ред во периодот од 2000 до 2004 година, за во 2006 да се повлече од Ф1.

Затоа Рос Браун, кој му беше заедно со Шан Тод, директно претпоставен во Ферари, во ексклузивен разговор за ESPN, тврди дека во Шумахер имало нешто што го разликува од останатите.

Тој обожаваше да се трка едноставно. Тој сам се мотивираше, и беше одличен тимски играч во гаражата. Сите тие елементи кога ќе ги вброите во едно, добивате еден комплетен возач, и седумкратен шампион во Ф1“.

Запрашан Браун што смета за споредбите на Шумахер со Луис Хамилтон, Британецот одговори:

Мислам дека зборуваме за две различни тркачки ери, Михаел учествуваше во создавањето на болидот во Ферари, а Луис го нема минато тоа. Шумахер работеше и на болидот на Мерцедес исто така. Неговото влијание во победничкиот болид беше многу значаен. Во денешно време, Себастијан Фетел сака да оди по тој правец, како Михаел Шумахер, да ги следи неговите успеси“, смета Браун.