„Брадата“ збесна: Харден со трипл-дабл го уништи Кливленд (ВИДЕО)

366

Хјустон Рокитс оствари важна победа на домашен терен совладувајќи го вицешампионот Кливленд Кавалирс со 117-113.

Блескаше Џејмс Харден кој го оствари вториот трипл-дабл во сезоната со 35 поени, 11 скока и 13 асистенции. Сепак, мора да се истакне и ефектот на Крис Капела кој постигна 19 поени и 13 скока. За Хјустон ова беше четврта победа во низа, додека Кавс го претрпе седмиот пораз оваа сезона.

Кај Кливленд, Леброн Џејмс реализира 33 поени, четири скока и седум асистенции, но имаше и девет загубени топки.