Ботас до пол позиција во Абу Даби

310

Возачот на Мерцедес Валтери Ботас го оствари најбрзото време во денешните квалификации за последната трка во сезоната од шампионатот во Формула 1, Големата награда на Абу Даби.

Валтери Ботас најбрзиот круг го извозе за минута и 36,231 секунди. За него ова е четврта пол позиција во кариерата.

Од првиот ред заедно со Ботас ќе стартува неговиот клупски колега, шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон.

Третото место во денешните квалификации му припадна на Себастијан Фетел од Ферари, четврти е Даниел Рикардо од Ред Бул, а петти е вториот возач на Ферари, Кими Раиконен.

До десеттото место се уште и Макс Ферстапен, Нико Хулкенберг, Серхио Перес, Естебан Окон и Фелипе Маса.

Трката за Големата награда на Абу Даби се вози утре (недела) со почеток од 14:00 часот.