Бостон и Филаделфија го договорија најавуваниот голем трејд

632

Американските медиуми пренесуваат дека Филаделфија и Бостон се договориле за замена на пиковите на годинешниот НБА драфт. Бостон ќе и го отстапи изборот на првиот пик на Филаделфија, додека Севнтисиксерс ќе им го отстапат првото место на Селтикс на драфтот во 2018.година.

Се разбира Бостон правото на избор на првиот пик догодина ќе до одбие само доколку заврши меѓу втората и петата позиција на табелата, во спортивнот изборот останува во сопствеништво на Филаделфија.

Годинешното издание на НБА драфтот ќе се одржи претстојната седмица, поточно ноќтта меѓу четврток и петок, а речиси е сигурно дека Филаделгфија за прв избор ќе го има Маркел Фулц, кому му се прогнозира светла иднина и е најавен како голем потенцијал за НБА суперѕвезда.

Сеуште не е јасно што ќе прави Бостон. Дали изборот ќе го искористи за да добие некоја суперѕвезда или ќе продолжи со градење на тим за во иднина.