Борко Ристовски е спасител на Барселона – Каталонците ја продолжија непобедливата серија

1161

Барселона потешко од очекувањата дојде до 25-тата победа во серија на исто толку натпревари во АСОБАЛ лигата, откако со минимални 28:27 славеше на гостувањето кај Адемар Леон и продолжи да руши рекорди.

Каталонскиот гигант е 116 натревари без пораз и без нерешен резултат (вкупно 150 победи во низа во сите натпреварувања во Шпанија).

Во екипата на Барселона настапија нашите интернационалци Борко Ристовски и Кирил Лазаров. Борко беше на голот во текот на сите 60 минути, додека Лазаров немаше голема минутажа на овој натпревар. Првото полувреме Барселона го доби со 11:15, а во второто падна играта на Барселона но сепак Ристовски на крајот од мечот со својата 10-та интервеција не му дозволи на противникот да се радува на реми и да ја прекине серијата на неговиот тим.

Најпрецизен во Барселона беше Валеро Ривера со 7 погодоци, а Лазаров постигна 2 гола, додека Ристовски имаше 10 интервенции. Погледнете ја последната интервенција на македонскиот голман…