Борбата на деценијата за Мејведер: МекГрегор издржа до 10 рунда

2864

Спектаклот на деценијата, боксерскиот меч помеѓу Флојд Мејведер Јуниор и Конор МекГрегор, е завршен со победа на боксерот над ММА борецот.

Мејведер ја забележа 50 професионална победа во кариерата, победувајки го Конор МекГрегор.

ММА борецот се држеше до средината на 10 рунда, кога судијата го прекина мечот, затоа што беше јасно дека Ирецот не може да се брани.

Дуелот е поделен на две половини, во првите пет рунди немаше скоро ништо од бокс, а во другите пет Американецот потполно доминираше, но дури во деветтата рунда прв пат изгледаше дека мечот може веднаш да заврши.

Во 10 рунда, по еден силен удар, МекГрегор како да ја загуби силата во последната минута, и буквално неможеше да го држи гардот. Стратегијата во таа рунда на МекГрегор, беше да ги избегне ударите на противникот.

Во тоа успеа неколку десетици секунди, но првиот сериозен налет на Мејведер покажа дека нема да има рамноправна борба до крајот на борбата, па судијата го прекина дуелот пред да се случат сериозни последици.