Бонучи „згазна“ врз достоинството и почитта на „Бјанконерите“ (Видео)

5043

Италијанската јавност, посебно навивачите на Јувентус, се уште негативно реагираат на трансферот на нивниот играч Леонардо Бонучи во редовите на Милан.

30 годишниот дефанзивец го комплетираше трансфер во Милан пред некој ден, и тоа беше прилично изненадување за сите фанови, кои сигурно дека не очекуваа таков брутален потег од искусниот играч.

Милан се согласи за овој играч да плати дури 40 милиони евра.

Но пораката на Бонучи кон она што го очекува во новата сезона, ги налути навивачите на „Старата дама“.

Некои навивачи ме прашуваат дали ќе бидам во ситуација да го префрлам фокусот, а можам да ви кажам дека тоа со задоволство ќе го направам. Со поголем жар од претходно“, напиша Бонучи на својот Инстаграм профил.