Бомба од Шпанија: Мохамед Салах си оди од Ливерпул и се сели во Мадрид!?

2570

Само шест месеци од спектакуларниот трансфер во Ливерпул, египетскиот репрезентативец Мохамед Салах би можел да го напушти Енфилд.

Како негова следна дестинација се спомнува Атлетико Мадрид кој има проблеми со нападот оваа сезона. Антоан Гризман се наоѓа во очајна форма, другите фудбалери исто така, па Диего Симеоне сака со шок терапија да го подигне моралот, но и ефикасноста. Салах е еден од главните играч на Ливерпул, но дури и тој не може да го извади тимот од летаргијата и да го направи кандидат за титулата.

Искусниот напаѓач дојде на Енфилд од Рома за 40 милиони евра. Досега постигна 12 гола на 16 натпревари, но Ливерпул за него би можел да извлече двојно повеќе. Од јануари член на Атлетико ќе биде и Диего Коста, па Салах ќе има фантастичен партнер во нападот.