Бомба од Мадрид, Зидан си оди од Реал поради понуда која не смее да ја пропушти

3719

Мундо Депортиво тврди дека Зинедин Зидан на крајот од сезоната ќе го напушти Реал Мадрид. Причина за ваквиот потег е животната шанса која му се дава, а тоа е да биде селектор на француската фудбалска репрезентација.

Веќе одредено време се зборува дека тој треба да го наследи Диде Дешамп на клупата на “триколорите“. Ваквата опција постоеше и претходно, но се најавуваше слекторска смена по Мундијалот во Русија кога и завшрува договорот на Дешамп.
Во сите направени анкети досега, Французите сакаат Зидан да биде селектор, Дешамп има се помалку доверба, а му замеруваат дека не ги користи доволно потенцијалите на Мбапе, Гризман и Погба. Според нив репрезентацијата стагнира во играта од финалето на Европското првенство и неопходна е промена.
Легендата на францускиот фудбал засега одбива да коментира на темите поврзани со репрезентацијата, но се поставува прашањето дали ќе ги одбие челниците на францускиот фудбалски сојуз доколку му ја понудат фантастичната можност.
Интересни се случувањата периодов, бидејќи токму кога Зидан размислува да го напушти Реал, Јоаким Лев е прва желба на претседателот Флорентино Перез за нов тренер на кралскиот тим.