Бомба од Америка: Потврден трансферот на Теодосиќ во Лос Анџелес

1348

Нема повеќе дилеми, Милош Теодосиќ, играчот кој веќе неколку сезони фановите го гледаа како играч во НБА, конечно тоа и се оствари, од оваа сезона, Теодосиќ ќе игра за екипата на ЛА Клиперс под раководство на Док Риверс.

Од Америка вечерва е потврдено дека договорот меѓу Теодосиќ и ЛА Клиперс е потпишан на две сезони.

Според првичните информации, капитенот на Србија и доскорашен играч на ЦСКА Москва, во ЛА ќе заработува 12.3 милиони долари по сезона.