Болт приложи снимка и демантираше дека глумел

1884

Усаин Болт, одговори на обвиненијата дека ја одглумил повредата на ногата на штафетата на 4 пати по 100 метри на СП во Лондон, која воендо беше и последна во неговата кариера.

Болт беше последна измена за Јамајка, но во моментот кога требаше да влезе во полн спринт, падна држејќи се за ногата.

Зад за да ги демнантира обиненијата дека се било всушност глума, Јамајканецот објави на својот Твитер профил ренгенска снимка на која се гледаат оштеувањата на мускулот на задниот дел од неговата нога. Тој појасни дека има пукнатитни на неколку места и сега му претстои три месеци рехабилитација.

Болт воендо им се заблагодарни на сите искрени фанови за поддршката и им се извнини што не успеал да ја истрча трката.

Инаку за најбрзиот човек на планетава, настапот на СП во Лондон беше воедно и последно натпреварување за него во кариерата. Тој се збогуваше со ателтиката и потенцираше дека сега отвара ново поглавје во неговиот живот.