Болт не гледа во скоро време негов наследник, верува дека рекордите ќе му траат најмалку две децении

311

Усаин Болт денеска истакна дека очекува неговите рекорди на 100 и 200 метри да траат најмалку од 15 до 20 години. Јамајканецот е единставениот спинтер во историјата кој освоил три олимписки златни медали во низа на двете најбрзи делници.

Тој ја заврши кариерата минатиот месец со настапите на Светското првенство во атлетика во Лондон. Во негова сопственост се рекордот на 100 метри кој изнесува 9,58 секунди, додека на двојно подолгата делница најдоброто време е 19,19 секунди. Двата резултати се постигнати во Берлин 2009.година.

Mислам дека овие постигнувања ќе траат одредено време. Сметам дека нашата ера, со Бејк, Гетлин, Пауел и останатите е најдобрата во историјата на атлетиката. Со оглед на тоа дека никој од споменатите не успеа да ги собори рекордите, не верувам дека во скоро време ќе се појави таков атлетичар“- изјави Болт.

Крјот на кариерата не помина според очекувањата, но тој и покрај тоа ја отфрли можноста да се врати повторно на атлетската патека.

Немам веќе што да докажам, кога се ќе освоите не постои предизвик, затоа и немам мотив да се вратам“- наведе најбрзиот човек на планетава.

Неговите идни планови се поврзани со фудбалот и основањето на семејство:

Отсекогаш сакав да играм фудбал. Мојот тим на соработници работи на случајот, но сеуште нема ништо конкретно. јасм сум голем фан на Манчестер Јунајтед“.

Во меѓувреме Усаин Болт ја бара и жената на неговиот живот бидејќи истакна дека сака да се смири и ожени.