Болт е феномен: Ги победи Роналдо, Леброн, Мареј, Кари и Фарах

432

Усеин Болт, освојувачот на три златни медали на ОИ во Рио, е добитник на наградата „Laureus“, за најдобар спортист во светот минатата година.

Болт по четврти пат ја добива оваа награда, а во гласањето ги победи спортистите во пеколна конкуренција, Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кристијано Роналдо, Енди Мареј и Мо Фарах.

Церемонијата е одржана во Монако, а наградата ја доделува академијата „Laureus“, чии што членови се познати личност од областа на спортот и разни функционери.

Јамајканецот на ОИ во Рио, освои златен медал во сите три дисциплини во кои учествуваше, на 100 и 200 метри, и на штафетата.

loading...