Болидот на Михаел Шумахер продаден за рекордна цена

535

Болидот на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, со кој за последен пат победи на Големата награда на Монте Карло е продаден на аукција во САД за седум и пол милиони долари.

На аукцијата која беше одржана во Њујорк, очекуваната цена беше надмината речиси за 50 проценти. Болидот беше продаден за дури седум и пол милиони евра и стана најскапииот примерот во Формула 1.

Шумахер во овој болид возеше во 2001. година. Тогаш триумфираше на Голената награда на Монте Карло по петти пат, а истата сезона ја оствари четвртата од седмата титула светски шампион.

Легендарниот возач се уште се опоравува од тешката несреќа која во 2013. година ја доживеа на скијање во Франција.

Дел од приходите од оваа аукција ќе биде уплатен во фондацијата на Михаел Шумахер.