Богдановиќ во неверување по потегот на Антиќ – Перо во свој стил му врати

3546

Не стивнуваат реакциите и пофалбите за нашиот Перо Антиќ по одличниот синоќешен меч во Евролигата и тројката за победа на Црвена Звезда против Реал Мадрид.

По мечот на „Твитер“ се јави и поранешниот играч на Антиќ од редовите на Фенербахче, Богдан Богдановиќ кој сега игра во НБА.

Србинот вчудоневиден и по малку на шега го запраша: „Ќелавко, дали е мождо и понатаму да ти скокат на финтата?“

Антиќ што е вообичаено за него, не му остана должен и му врати: “Е, не како на тебем на преден дриблинг, гробарчина една“

На ова повторно се јави Богдан и му напиша „Тишина, да не ти бев јас, немаше ништо да знаеш. Кажи им на луѓето колку сум те научил за овие две години.