Блокотехна со моќно деби во БИБЛ: Тирана декласирана и испратена со 100 за Албанија

433

Гевгелиска Блокотехна по стартната победа во домашната лига и убедливата победа во градското дерби со Кожув, славенички и тоа со стил тргна и на меѓународна сцена.

Во првото коло од новата сезона во БИБЛ, тимот предводено од Маријан Илиевски на домашен терен без никакви проблеми, може да се каже слободно го декласира албанскиот првак Тирана со резултат од 100-68.

Двејн Бенџамин со 25 поени и 9 скока беше прво име во победничката екипа, а одличен меч надополнет со ефект од 21 поен имаше и Горан Главчев.  Во противничкиот  табор Хисенаголи со  33 поени беше единствена светла точка.

За екипата на Тирана вечерва дебитираше нашиот репрезентативец Владимир Брчков кој имаше скромен ефект од 5 поени.