Блокотехна победнички во Пловдив против Академик Бултекс

210

По поразот од Работнички во „Градски парк“ од пред некој ден во домашното првенство, КК Блокотехна денеска со победа на гостувањето кај Академир Бултекс, се ревитализираше и им се врати на победите.

Со победа од 82:86, гевгелиската екипа беше подобра на вечерашното гостување во Пловдив, Бугарија.

Надмоќта на македонскиот претставник во БИБЛ лигата се виде уште по првите 10 минути, првиот дел беше добиен со 19:26, а тој тренд беше запрен во втората четвртина, која им припадна на домаќините (26:11), кои на полувреме заминаа со предност од 45:37.

Третата четвртина беше повторно подобра за Блокотехна, со која го вради водството, но до крајот на четвртината, повторно се дојде до егал ситуација, односно до поен предност за гевгеличани (61:62).

Последниот дел беше повторно наменет за гостите (21:24), со што ја потврдија победата на ова гостување.

Бенџамин со 31 и Мијатовиќ со 22 поени ја предводеа Блокотехна до нова победа.