Блесок на шампионот: Вориорс го победија Сан Антонио со неговото најсилно оружје (ВИДЕО)

280

Актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс ја оствари најзначајната победа во новата сезона откако го совлада Сан Антонио со 112:92.

Воопшто не изгледаше дека натпреварот ќе заврши така во првата четвртина кога гостите водеа со 31:12. Вориорс не можеа да постигнат кош 4,5 минути, но откако фатија ритам немаше спас за Сан Антонио. По 12 минути игра беше 33:24, а во следните три четвртини домашниот тим ја стегна одбраната и им дозволи на Спарс само 59 поени. Во меѓувреме шампионот постигна 88 и заслужено стигна до победата и тоа на начинот на кој игра Сан Антонио.

Клеј Томпсон со 27 поени и Кевин Дурант со 24 беа најефикасни во тимот на Голден Стејт. Кај Спарс, кои го претрпеа четвртиот пораз во низа најдобар беше Ламаркус Олдриџ со 24 поени.

Во вториот меч од ноќешната програма, Портланд го победи Лос Анџелес Лејкерс со 113:110 благодарение на тројката на Демјан Лилард на 0,7 секунди пред крајот.