Битолски ЗА НЕД ДО се врати од Грција со 38 медали

672

Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола во периодот од 5 до 7 мај 2017 година учествуваше на Светскиот шампионат во боречки вештини кој и годинава се одржа во Сер, а на покана на Грчката федерација за боречки вештини и градоначалникот на општина Сер.

Тимот што ја претставуваше Република Македонија броеше 18 спортисти кои се натпреваруваа во борби и демонстрации во техники на самоодбрана и музички форми со традиционално оружје. Со оглед на финансиската можност македонскиот тим броеше помалку членови од оние кои ги поминаа подготовките но секој спортист засебно се натпреваруваше во неколку дисциплини.

Спортистите од Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола за три дена на Светскиот шампионат во боречки вештини во Сер се врати со успех од 28 златни медали, односно светски шампиони, девет светски вицешампиони или носители на сребрен медал и едно трето место – бронзен медал.

“Конкуренцијата како и секогаш кога се работи за нашиот јужен сосед е огромна дотолку повеќе што географската местоположба на Грција и овозможува учество на земји од источна и западна Европа но и блискиот исток. Имено на самиот настан имаше над 800 спортисти.

Вкупно, тимот кој ја претставуваше Република Македонија за три дена освои 38 светски медали што за настан од ваков обем е нешто што ја заслужува секоја почит.

Она што сум благодарен е што домаќинот Република Грција имаше традиционално топол и домаќински пречек за Македонија и спротивно од сите предрасуди мошне чести се фотографиите каде спонтано или по успех на пиедесталот гордо се истакнуваа знамињата на двете држави” – истакна Златко Неделковски, шеф на македонската делегација.

На Светскиот шампионат во Сер со свое присуство беа претставени делегации од над 30-тина држави a македонската делегација за овој настан посебно сака да му се заблагодари на логистичката поддршка на првиот секретар при Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун, господинот Златко Котевски.

“Она што еден тренер го прави горд е успехот на неговиот ученик. Во моментов се уште немам зборови со кои доволно јасно би го истакнала чувството на задоволство што повторно доминиравме и на ова светско првенство и тоа петта година по ред во различни светски федерации.

Дотолку повеќе сум среќна што моите спортисти и на нивна воздраст се веќе реализирани личности. Имено тренерот може до одредена мера па и целосно да влијае врз психофизичката подготвеност на својот спортист но во рингот – на партерот или при демонстрациите на крајот преовладува индивидуалниот пристап.

Особено сум горда што сите мои спортисти останаа достојни на задачата и предизвикот но не можам да останам рамнодушна и на моментите на другарување со колегите од светот кои едноставно петта година по ред по завршувањето на Светските ни приоѓаат мене или на мојот татко и ни се поклонуваат и честитаат за конзистентноста во успехот.

Ние со 18 натпреварувачи донесовме 38 светски титули или просто математички нешто над 2 медали по спортист и тоа е сосема доволен показател за квалитетот но и обврска дека следната година мора да го оправдаме високото место на кое котираме во светот на боречките вештини и да го направиме скоро невозможности и да го надминиме постигнатиот успех.

Она што не очекува следно во периодот за месец дена е меѓународен турнир во Солун.” – истакна Дијана Неделковска, главен тренер на Македонсиот тим.

“ЗА НЕД ДО” Академијата за боречки вештини во изминатите пет години од Светските шампионати во боречки вештини редовно се враќа со огромни успеси при што со последниот успех на Македонија и донесе скоро 200 светски медали.

loading...