БИБЛ: Куманово од тотална негатива, до егал во финишот – но недоволно за победа во Тирана

190

Во рамките на 4. коло од БИБЛ натпреварувањето, КК Куманово загуби на гостувањето во Тирана со тесен резултат (75:73).

Куманово одигра натпревар полн со осцилации, во одреден тек од натпреварот имаа голема негатива, но со добра последна четвртина се враќаа во резултатски ритам, и малку им недостасуваше на крајот за целосен пресврт.

Првата четвртина беше максимално изедначена на теренот, што покажува и резултатот (17:16), додека втората беше во знакот на домаќинот, кој на пауза замина со опиплива предност (41:30).

Третата четвртина за Куманово беше најкатастрофална (66:47), нешто што најавуваше сигурна победа на домаќините. Но сепак, Куманово се погрижи за драма во финишот, неколку минути пред крајот Куманово дојде до изедначување и егал ситуација.

До последните 20 секунди на теренот резултатот беше изедначен, но една брза и непотребна лична грешка, тоа го искористи домаќинот и на крајот славеше со конечни 75:73.