Бесна Црногорка распали: За кој к*р сум ти, тука сум само да се сликам

2144

Младата 24-годишна кошаркара Милица Милошев беше крајно бесна и лута на селекторот на Црна Гора откако не се најде на списокот на повикани кошаркарки за стартот на подготовките на квалификациите за ЕП.

„Единствено нешто добро што го имав со репрезентацијата се сликите. Подобро и да не ме повикуваше, за кој к*р сум ти, ти секако играш само со 6 играчи“, без влакна на јазикот искоментира Милошев и продолжи во исти стил:

„Играм добро, повреден не сум, но тоа е негов избор, можеби и не му се вклопувам во плановите и програмата. Сеедно, јас сум разочарана бидејќи гледам кој игра место мене, бидејќи не мислам, туку тврдам дека мене местото ми е помеѓу 12 најдобри во Црна Гора, особено сега кога ги нема Шкере, Иве и Робинсон. За волја на вистината, никогаш и не добив шанса да играм за репрезентација, одев како турист, но и тоа ми значеше бидејќи ја сакам Црна Гора. Нема врска, ми останаа неколку дреса од Црна Гора, сега ќе заминам меѓу навивачити“, иронично за крај изјави лутата кошаркарка.