Бердих ги воодушеви фановите на „белиот спорт“ за неверојатниот гест кон Ѓоковиќ

3647

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до посакуваното финале на Вимблдон, откако беше приморан поради болки, да го предаде мечот кој го играше против Томаш Бердих.

Токму чешкиот тенисер денеска беше елиминиран во полуфиналето, каде налета на неверојатниот Роџер Федерер, кој го забележа своето 11 финале.

Но еден детал го уловија камерите на патиките на чешкиот тенисер. Томаш Бердих го одигра полуфиналето со мала фотографија од Новак Ѓоковиќ, што веројатно сакал да му пружи поддршка поради повредата која го мачи подолг период.

Таквиот потег ги воодушеби вљубениците во „белиот спорт“, но за ова мора да им се оддаде и почит на камерманите, кои секогаш ловат и најситен детал кај спортистите.