Берат Јакупи реагира: Стоилов неправедно е прогласен за спортист на годината!

1281

Најдобриот каратист во Македонија, Берат Јакупи, реагираше на изборот на Агенцијата за млади и спорт, која одлучи за спортист на годината да го прогласи Стојанче Стоилов, капитенот и ракометар на Вардар.

Каратистот кој досега освои голем број на медали за Македонија на големите натпреварувања, истакна дека Вардар и Стоилов постигнале голем успех за Македонија, но исто така вели дека наградата за спортист на годината треба да замине во рацете на човек кој во Македонија ќе донесе медал од Олимписки игри, Светско или Европско првенство, како член на репрезентација во одреден спорт, а дури потоа доаѓаат клупските успеси.

Берат Јакупи се огласи за целата ситуација преку Фејсбук, а неговата порака ви ја пренесуваме во целост:

Неможејќи јавно да и се обратам на јавноста, спортистите и на лубителите на спортот преку прес-конференција (причина е моето патување во Будимпешта), ќе се потрудам да ве информирам преку мојата фан-страница на Фејсбук.

Вчеравечер во салата на Драмски театар се прогласија најдобрите спортисти во Македонија за 2017 година. За главната награда Спортист на Годината меѓу петте номинирани беше и Берат Јакупи (Јас). Според сите критеруими за одбирање на најдобриот спортист во текот на 2017 година, неправедно му се дава оваа награда на еден ракометар, кој е член на еден клуб и заедно со своите соиграчи постигнаа резултат кој не е за потценување. Оценувањето од страна на професионалната комисија, Сојузот на федерации и Унијата на спортските новинари во одбирањето на најдобриот спортист беше еднострана и политичка.

Наградата најдобар спортист на година му се доделува на спортист кој носи во Македонија медал од Олимписките игри, Светски или Европски првенства, како член на репрезентација во одреден спорт. Ако во текот на годината нема таков резултат, тогаш се земаат предвид клубските резултати во меѓународните арени и слично.

Како ислустрација ќе дадам два примера: Во 2013 год во Аргентина, и покрај сите резултати и достигнувања и награди што си зеде Меси како играч на Барцелона “Sportman of the Year” се прогласи Хуан Дел Порто, тенисер кој донесе олимписки медал за Аргентина, и во вториот случај тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој ги освои сите престижни турнири, за спортист на годината се прогласи друг српски спортист кој донесе на Србија светски медал.

Јас, Берат Јакупи, ценам дека сум обесправен и нема да толерирам позиција на инфериерност и маргинализација. Ние, спортистите се цениме и почитуваме меѓусебе и така ќе продолжиме и во иднина, али неправедностие кој доаѓаат од фрустрирани луѓе или одредена група ќе ги објавиме.

пријателски,

Берат Јакупи.