Берат Јакупи во битка за златен медал на Европското првенство!

578

Еден од најдобрите македонски каратисти во моментов, Берат Јакупи, се пласираше во финалето на Европското првенство кое се одржува во Кочаели, Турција.

Берат Јакупи ќе бие битка за златниот медал на Европското првенство во категоријата до 84 килограми. Ова е второ финале воопшто во историјата на македонското карате на европските првенства кога станува збор за сениорска конкуренција.

Македонскиот каратист се избори за своето второ финале, откако во полуфиналето со минимален резултат 1:0 го совлада Јорго Цано од Грција.

Противник на Јакупи во финалето ќе му биде победникот од дуелот помеѓу турскиот репрезентативец Актакаш и Холанѓанецот Петерсен.