Бенфика е хит во Европа: Со мотоцикл во соблекувални ја славеа титулата (Видео)

1210

Со „петардата“ на вчерашниот натпревар против Виторија Гимараеш, Бенфика ја потврди својата четврта титула по ред во португалското првенство.

Порто во минатите десетина години беше најголема фудбалска сила во Португалија, но овие четири сезони нештата се променија, па сега Бенфика доминира во таа земја.

Серијата титули на Бенфика почна од 2014 година, па се до сезонава. Славјето беше надвор од контрола, па сигурно посебно интересно беше и видеото како еден од играчите на Бенфика, со мало моторче влезе во соблекувалните, и со стил на некој врвен мотоциклист од МОТО ГП, ја прослави титулата со своите соиграчи.