Белгиецот може да си оди: Наследникот на Фелаини игра во Аталанта

1968

Маруан Фелаини најверојатно ќе си замине од Манчестер Јунајтед на крајот од оваа сезона, но клубот од Олд Трафорд не е многу загрижен поради тоа.

Причината е тоа што раководството, односно Жозе Мурињо веќе на радарот го има неговиот наследник. Станува збор за 22-годишниот италијански фудбалер Брајан Кристанте кој во моментов игра во тимот на Аталанта, но на позајмица од Бенфика. Клубот од Бергамо има можност да потпише перманентен договор со него претстојното лето за околу 12 милиони евра.

Кристанте го привлече вниманието врз себе на двата натпревари против Евертон во Лигата Европа на кои постигна вкупно три гола. За него се заинтересирани Јувентус, Интер и Атлетико, но никој од нив не сака да ја плати сумата која Аталанта најави дека ќе ја бара, а изнесува 37 милиони евра.

Тоа го прави Манчестер Јунајтед фаворит во трката за неговиот потпис.