Бекер со совет до Ѓоковиќ: Новак, барај нов тренер…

815

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, по поразот на неговиот екс ученик денеска на Ролан Гарос од австрискиот тенисер Доминик Тим, истакна дека што побргу Новак мора да си најде тренер.

Андре Агаси не беше во Париз втора недела, кога му беше баш најпотребен на Ѓоковиќ. Затоа Новак мора да ангажира нов тренер за идните турнири. Тоа треба да го стори што поскоро, а не за време на Вимблдон. Ѓоковиќ мора на најдобар начин да ги искористи следните 3,4 недели“.

Новак мора да игра по агресивно и офанзивно. Тим беше како боксер кој примаше удари, а потоа ги враќаше. Тоа ја скрши играта на Ѓоковиќ, па не успеа да го сврте натпреварот во своја корист“, констатираше Борис Бекер.

Доминик Тим го совлада Ѓоковиќ со 7:6(7:4), 6:3, 6:0, а славниот Германец не пропушти веднаш да ги искоментира работите кои му сметаат околу новиот тренер на Србинот.

loading...