Бекер: Му реков на Ѓоковиќ, но погреши, не ме послуша…

1202

Германскиот тениски тренер Борис Бекер, смета дека денешните тенисери се премногу разгалени, пред се поради тоа што финансиски се добростоечки.

Во биографискиот документарец „Борис Бекер – играч“, легендарниот германски ас допре неколку теми, а ги според неговата ера и сегашната на тенисерите.

Тенисот кој го играв и кој се игра сега е потполно различен. Ние сме буквално игравме за гол живот. За тоа не постои книга, нема упатство. Морате сами да се снаоѓате и да ја почувствувате емоцијата, фрустрацијата, да го почувствувате поразот и недостатокот на пари“.

Сега тоа го нема, да кажеме дека беше еден натпревар кога Новак цели 10 минути не го ни држеше рекетот како што треба. Никој тоа не го примети, никој не пишуваше за тоа, а јас го видов“.

Соработката на Ѓоковиќ и Бекер беше прекината од низа на причини, што резултираше и со пад од врвот на АТП листата за Ѓоковиќ.

Последниот добар совет кој му го дадав на Нова е дека мора да биде сопствен извор на светлина. Не му е потребен никој друг, но тој не ме послуша, сега некои други луѓе ја добиваат таа светлина која никогаш не ја добивале. Ако му давам совет на Новак, тоа е значи од срце и со добра намера“, порача Бекер.