Без Перо толку се може: Црвена Звезда убедливо поразена од Басконија

646

Црвена Звезда вечерва го забележа својот 13 неуспех во Евролигата оваа сезона во 21. коло досега одиграно.

Басконија беше поуспешна и заслужено победија со резултат 103:84, а во редовите на белградската екипа повторно го немаше Перо Антиќ.

Тој поради недоволната подготвеност беше изоставен од составот за овој натпревар. Токму на вакви натпревари се чувствува отсуството на нашиот корпулентен кошаркар, по што Црвена Звезда е недоволно конкурентна.

Ова е највисок пораз за Црвена Звезда сезонава во Евролигата, а од останатите играчи мечеви вечерва, победи уште остварија и Химки против Уникаха и Бамберг против Панатинаикос.