Безбедност пред се’- Дополнителни системи за помош во Opel Crossland X

166

Веќе сега Opel Crossland X  може да се порача со нов пакет на безбедносни системи: предупредување на челен судир, детекција на пешаци и автоматско кочење во нужда, плус предупредување на дремливост кај возачот…

Од Opel, од сега, нудат дополнителни системи за асистенција во возењето за Crossland X crossover.

Новиот „кул“ SUV веќе има топ иновации, што секојдневното возење го прават побезбедно, по комфорно и полесно.

Новите опции се: високо технолошки и со целона LED технологија, предни светла, „head up“ дисплеј и панорамска задна камера што покрива 180 степени, со напредна асистенција при паркирање,  предупредување на напуштање на лентата по која возите, препознавање на сообраќајни знаци детекција на мртви агли

Новиот пакет како опција, дополнително ја проширува и така богатата понуда и вклучува препознавање на опасност од челен судир со детекција на пешаци и автоматско кочење во крајна нужда, заедно со детекција на дремливост и предупредување на поспаност.