Барселона тесно победи кај Адемар Леон – Борко Ристовски со клучна одбрана во финишот (Видео)

993

Како што стојат работите во шпанската АСОБАЛ лига, Барселона повторно ќе издоминира до крај, Каталонците вчера остварија тесен триумф на гостувањето кај Адемар Леон со 27:28.

Почетокот на натпреварот ветуваше одлична партија за Каталонците, но домаќините се соземаа во вториот дел и беа во најмала рака рамноправен противник, за да во финишот на средбата, нашиот Борко Ристовски има клучна одбрана за уште една гостинска победа на Каталонците.

Ристовски натпреварот го заврши со девет интервенции, од кои најважната ја имаше во финишот, кога при напад на домаќините, успеа да фати зицер од крилна позиција на Адемар Леон.

Како БОРКО РИСТОВСКИ вчера имаше клучна интервенција за тесната победа на Барса кај Адемар Леон (27:28).БОРКО МАЈСТОРЕ!

تم نشره بواسطة ‏‎Спортисимо Македонисимо‎‏ في 16 أبريل، 2017