Барселона со провокација меѓу редови за Челси во врска со ждрепката во ЛШ

1188

Еден од најинтересните дуели во осминафиналето во ЛШ со сигурност ќе биде двојката Барселона – Челси.

Од таму веќе дојдоа првите реакции, Конте ги повика своите играчи да заборават на тоа што се случувало во минатото на „Стемфорд Бриџ“ или на „Камп Ноу“ и дека ова е некој нов дуел.

Но и Барселона реагираше со став за противникот во ЛШ, па не ја заборавија онаа луда ноќ во Лондон 2009 година, кога во последните мигови со гол на Иниеста се пласираа во големото финале, каде подоцна го победија Манчестер Јунајтед.

„Барселона на Твитер, напиша: „Имавме некои одлични моменти на „Стемфорд Бриџ“ зарем не?“, јасно алудирајки на 2009 година и спорниот натпревар кој го судеше тогаш контроверзниот судија Овребо.