Барселона со нова победа во ЛШ – настрадаа Нант и Лазаров

773

По новото одиграно коло во ракометната Лига на шампиони, Барселона остана непоразена, откако вечерва го победи францускиот претставник Нант, каде од сезонава настапува и нивниот екс ракометар, Кире Лазаров.

Каталонците победија со 31:25, во одлично издание, иако не стартуваа најдобро на натпреварот.

Гостите од Франција водеа по првиот дел со 16:13, па можеби се навестуваше прв пораз за Каталонците по 4. кола во ЛШ сезонава, но во вторите 30 минути се поправија и резултатот дојде.

Во вториот дел видовме една подобра и поагресивна Барселона, која второто полувреме го доби со резултат 18:9, и си го трасираше патот до уште една победа.

Кире Лазаров против својот поранешен клуб постигна 4 голови.