Барселона се интересира за Ерера – играчот на Јунајтед има свој коментар

5114

Играчот за врска од редовите на Манчестер Јунајтед, омилениот Андер Ерера кај „црвените ѓаволи“, потенцираше дека Барселона треба да заборави на својата идеја за негов ангажман.

Откако не успејаа со Марко Верати од ПСЖ, целиот фокус беше фрлен на Андер Ерера како потенцијално засилување, сепак тоа набрзо беше оладено од самиот играч и неговиот агент.

Ерера истакна дека е среќен во Манчестер, и посветен на работата која го чека таму.

Нема што да се каже за Барселона, бидејки јас сум среќен во Манчестер, и не размислувам за нешто друго. Нема се уште официјална понуда од Барселона, но ми годи интересот. Секогаш треба да бидете почестени кога друг клуб ве бара, но јас останувам фокусиран на постигнување голови за Манчестер Јунајтед“, истакна Баскиецот.

Ерера во Манчестер Јунајтед пристигна летото 2013 година, кога на функција во Манчестер пристигна Луи Ван Гал, а беше доведен од Атлетик Билбао за 30 милиони фунти.