Барселона на стенд-бај: Ако планот со Кутињо не успее, доаѓа екс-играчот на Реал

2024

Филип Кутињо останува главна цел за Барселона во јануарскиот преоден рок, но “каталонците” имаат и План-Б во случај Ливерпул повторно да направи проблем.

Тој се вика Месут Озил, поранешниот играч на Реал Мадрид кој дресот на “кралскиот клуб” го носеше од 2010 до 2013 година. Германскиот репрезентативец во 2010 година беше пред трансфер во Барселона за осум милиони евра, но тогаш Иниеста и Чави беа во својот зенит од кариерите и клубот ја отфрли можноста. Реал го искористи тоа и го донесе Озил во своите редови иако тој не се прослави и во три години освои само по една титула во Ла Лига и Купот на Шпанија.

Сега ситуацијата е нешто поинаква, на Барса и треба освежување во средниот ред и тоа токму со квалитетите на Озил. Иниеста е на залезот на кариерата, во мај ќе наполни 34 години, Денис Суарез не се снајде најдобро, а Ракитиќ има други карактеристики.

Понудата за Озил веќе е подготвена, ќе биде испратена кога официјално ќе пропаднат преговорите со Кутињо.