Барселона му се приклучи на Арсенал во битката за следниот предводник

595

Според пишувањето на „Ас“, Барселона сериозно е заинтересирана за Масимилијано Алегри.

Со оглед на тоа дека Луис Енрике најави повлекување од клупата на Каталонците на крајот од сезоната, Барселона е веќе во потрага по неговиот наследник, иако рекоа дека името на новиот тренер нема да биде познато пред јули.

Како што се наведува, примарна мета на Барселона е Алегри, кој веќе како што велат е контактиран. Челниците на Барселона на Алегри му подготвија тригодишен договор, а неговата плата би изнесувала 8 милиони евра.

Времето ќе покаже колку во овие наводи има вистина, а сега е единствено сигурно дека Алегри наскоро ќе пристигне на „Ноу Камп“, но во улога на тренер на Јувентус со кој Каталонците ќе се сретнат во четвртфиналето од ЛШ.

Масимилијано Алегри е трофеен италијански стратег кој пред Јувентус ги предводее Милан, Каљари, Гросети, Реал СПАЛ и Аглианс.