Барселона донесе засилување, како конкуренција на Кире Лазаров?!

2106

Шпанскиот ракометен гигант Барселона, денеска во своите редови го потврди новото засилување, станува збор за словенечкиот ракометар, Јире Доленец, кој во Шпанија доаѓа од редовите на францускиот Монпелје.

Со ова веројатно е испратена порака за капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров, кој игра на иста позиција како и Доленец, дека не смее да се опушти, и дека му доаѓа конкуренција.

Договорот кој Барселона го потпиша со Доленец, има важност до 2022 година. Што се однесува до Кире Лазаров, тој има договор со Каталонците до крајот на актуелната сезона, па сега останува периодот во кој што ќе се шпекулира дали Барселона ќе го задржи македонскиот бомбардер, или веќе се подготвува за живот без него, со што веќе се подготвуваат за идната сезона со нови регрути во своите редови.