Барселона го има убедливо најголемиот буџет, но поради Меси ќе мораат да го продаваат стадионот!?

1849

Барселона е клуб со најголем буџет на светот во оваа сезона! Каталонскиот клуб се пофали дека во оваа сезона ќе располага со 897.000.000 евра за трошоци, што е рекорд во светот на фудбалот. Дури ни американските НФЛ и НБА тимови немаат толкави буџети.

Најголем придонес за растот на буџетот на Барселона има трансферот на Нејмар во ПСЖ за 222.000.000 евра, со што за 172 проценти е зголемен буџетот за доведување на засилувања. Инаку, клупскиот маркетинг забележа раст на заработувачката за 13 проценти.

Според плановите на раководството, во 2021 година, Барселона ќе располага со неверојатни милијарда евра буџет. Со оглед на политичката состојба, прашање е во која лига ќе игра Барса.

„Буџетот е правен со план дека ќе играме во Примера. Мислам дека Барса и Примера ќе продолжат заедно и во следните години“, изјави директорот на Барселона, кој на крајот додаде дека Барса може да доведе кого сака во своите редови.

„Подготвени сме во јануари да го купиме Кутињо или било кој друг играч. Дури и ако клубот не сака да го продаде, не ќе се обидуваме во случај играчот да ни е потребен“.

Според висината на буџетот, на второто место на глобалната листа се наоѓа ривалот на Барселона, Реал Мадрид со 690.000.000 евра за сезоната 2017/18. Следува Јунајтед со 655.000.000, Баерн со 570.000.000, Сити со 548.000.000, ПСЖ 540.000.000, Јувентус 500.000.000, Челзи 472.000.000, Арсенал 417.000.000, Дортмунд 400.000.000, Ливерпул 361.000.000, Атлетико 343.000.000, Тотенхем 288.000.000 и Милан 263.000.000.

Но и покрај огромниот буџет, проблем и понатаму претставува Лионел Меси, односно непотпишувањето на новиот договор. Но, ако и кога ќе го направи тоа, ќе го добие најголемиот бонус во историјата на фудбалот во износ од 85.000.000 евра!

Секако, сето тоа ќе биде распоредено како дел од договорот, а само дел ќе добие за самиот потпис, се со цел да се намали неиздржливата битка за парите. Барса, со новиот договор за Меси, само на плати ќе троши 84% од приходите, кога ќе се исклучи трансфер буџетот од вкупниот буџет. Финансиските директори предупредуваат дека тоа е неиздржливо.

Каталонците, иако имаат 900.000.000 евра буџет за оваа сезона, ќе мораат нешто да направат со цел дополнително да ги подигнат приходите. Една опција е договорот со „Најки“ и се надеваат дека оваа компанија ќе вложи повеќе и дека соработката ќе биде продолжена на 10 години, но тоа е недоволно.

Според најавите, Барселона ќе го продаде стадионот, односно името „Камп Ноу“. Компанијата „Ван Вагнер“ наводно веќе добила задача да најде спонзори, а „Камп Ноу“ би добил име по некоја компанија која ќе прифати стадионот на Барселона да се вика по нивното име во следните 25 години за најмалку 200 милиони евра.

Меси и понатаму се двоуми, иако неговиот татко го договори договорот според кој ќе заработува повеќе од 2 милиони евра месечно, односно 25 милиони евра годишно. Ако тоа не го направи до јануари, слободен е да преговара со други клубови, конкретно со Сити.