Барселона го доби новиот тренер – Светислав Пешиќ

540

Поранешниот селектор на Србија и тренер на Баерн Минхен до 2016 година, Светислав Пешиќ, ја прифати понудата од Барселона да биде нивни тренер.

Денеска беше официјализирана соработката меѓу српскиот стратег и каталонскиот клуб. Пешиќ има и претходно искуство во Барселона каде менаџираше во периодот од 2002 до 2004 година.

Го прифатив предизвикот, за мене нема ништо загубено, прва првенствена цел е да победам на првиот натпревар, а после тоа се останато ќе си дојде“, истакна Пешиќ.

Пешиќ е донесен како алтернативно решение, па ако успее донекаде да ја исправи сезоната, можеби ќе биде оставен и на подолго.