Барселона ги започна преговорите за Верати!

418

Барселона веќе подогло време е заинтересирана да го донесе на Ноу Камп Марко Верати, а како што објавува денеска реномираниот италијански весник “Газета дело спорт“, шпанскиот гигант ги започнал преговорите за услугите на 24-годишниот фудбалер.

Според последните информации Барселона е подготвен да плати и 100 милиони евра, но ПСЖ и натаму инсистира дека нивниот играч не е за продавање и не постои сума за која тој летово би можел да го напушти Париз.

Надеж за поинаков епилог дава информацијата дека челниците на “блауграна“ во телефонски разговор со новиот директор на францускиот тим, Антеро Енрике, по кој е постигнат напредок во преговорите што сепак дава надеж за можна реализација на трансферот.

За Верати оргомен интерес покажа и Јувентус, но сигурно е дека Старата дама нема да понуди 100 милиони, а згора на тоа талентираниот Верати јасно стави до знаење дека сака да го облече дресот на Барселона.

loading...