Барса прослави уште една титула во АСОБАЛ лигата, Лазаров со 950 гола ја завршува шпанската одисеја

1114

Македонските репрезентативци Кире Лазаров и Борко Ристовски заедно со останатите играчи на Барселона прославија уште една убедлива и рутинска шампионска титула во АСОБАЛ Лигата.

Каталонците на домашен терен го победија Пуенте Хенил со 37:29, по што со совршен скор, 28 победи на 28 натпревари ја завршуваат сезоната во Шпанија. По завршувањето на мечот, избраниците на Чави Пасквал го добија и пехарот.

Лазаров беше стрелец на 2 гола од 6 обиди, а со нив стигна до 950 голови во АСОБАЛ Лигата како член на Барселона, Атлетико Мадрид и Сиудад Реал. За жал, нема да има шанси да дојде до 1.000 голови во шпанското натпреварување со оглед на тоа дека следната сезона ќе игра во француски Нант. Голманот Ристовски го заврши мечот со 7 одбрани од кои 1 пенал.

loading...